Copyright notes Согласно расписот 38a. на САД, следниве земји не учествуваат во Бернската конвенција или било кој друг договор за авторските права со САД:
  • Еритреја, Етиопија, Источен Тимор, Ирак, Иран, Јужен Судан, Маршалските Острови, Палау, Сомалија и Сомалиленд.

Како такви, делата објавени од државјаните на тие земји обично не се предмет на авторскоправна заштита вон нивните земји. Затоа истите може да се во јавна сопственост во највеќето други земји во светот.

Меѓутоа:

  • Делата објавени во тие земји од државјани или трајни жители на други земји кои се потписнички на Бернската конвенција или било кој друг договор за авторските права сепак уживаат заштита во нивните матични земји и во меѓународни рамки, како и на тие места, согласно месното авторско право.
  • Така и делата објавени вон тие земји во рок од 30 дена од објавувањето во овие земји исто така обично уживаат заштита во странската земја на објавување. Кога делата се предмет на авторското право вон овие земји, рокот на заштита може да го надминува рокот во самите тие земји.
  • Необјавените дела од тие земји може да бидат наполно авторскоправно заштитени.
  • Дело од некоја од тие земји може да стане предмет на авторски права во САД согласно URAA ако матичната земја на делото стапи во авторскоправен договор или спогодба со САД и делото сè уште е заштитено во неговата матична земја.