Ризница:Вики ја сака земјата 2016

This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Earth 2016 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Earth 2016 and have to be approved by a translation administrator.
Wiki Loves Earth

Shortcut: COM:WLE2016

Лого на „Вики ја сака Земјата“
Лого на „Вики ја сака Земјата“

Вики ја сака Земјата 2016 (Wiki Loves Earth 2016) е меѓународен фотографски натпревар чија тема е природното наследство (заштитените подрачја) на разни земји. Сите земји-учеснички имаат свои посебни натпревари во организација на месни екипи, па затоа роковите, правилате, наградите и тн може по малку да се разликуваат. Откако ќе се изберат финалистите од секоја земја, настапува меѓународно жири кое ги избира севкупните победници. Погледајте ги државните финалисти и меѓународните победници избрани од месните жирија, а потоа од меѓународното жири.

Замисла

Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти. Како и за „Вики ги сака спомениците“ (WLM), користиме официјални списоци на заштитени подрачја кои обично ги добиваме од државни установи.

Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.

Земји-учеснички во 2016 г.

Ако сакате да учествувате на натпреварот како фотограф, појдете на страницата за вашата земја наведена во списокот подолу.
Ако вашата земја не е на списокот, а вие би сакале да организирате таков, појдете подолу на страницава.

Земја Земја (Ризница) Траење на натпреварот Страница за прашања Напомени Список на заштитени подрачја и објекти Разглас Подигања
  WLE Biosphere Reserves
(120 countries)
1 May 2016 – 30 June 2016 (UTC+4) контакт wikilovesearth.org список на заштитени области wle-unesco 2.704
  WLE Albania 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.al список на заштитени области wle-al 776
  WLE Algeria 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+1) контакт WLE 2016 in wikimedia-dz.org список на заштитени области wle-dz 829
  WLE Australia 1 May 2016 – 31 May 2016 контакт List of Ramsar sites
Protected areas
wle-au 4.088
  WLE Austria 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.at Teilnehmende Objekte National parks: wle-at-nap,
Nature reserves: wle-at-nsg,
Geschützter Landschaftsteil: wle-at-glt,
Geschützte Höhle: wle-at-hoe,
Nature parks: wle-at-np,
Natural monuments: wle-at-nd
2.093
  WLE Azerbaijan 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+4) контакт список на заштитени области wle-az 411
  WLE Brazil 7 May 2016 – 30 June 2016 (UTC-3) контакт,
rodrigopadula wikimedia.org.br
Wiki Loves Earth Brasil 2016 список на заштитени области wle-br 8.425
  WLE Bulgaria 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC+3) контакт,
wle2016 wikimedia.bg
список на заштитени области wle-bg 2.156
  WLE Estonia 1 May 2016 – 31 May 2016 контакт список на заштитени области wle-ee 237
  WLE France 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.fr список на заштитени области wle-fr 2.426
  WLE Germany 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.de Список на заштитени области и објекти per federal state: wle-de-bb, -be, -bw, -by, -hb, -he, -hh, -mv, -ni, -nw, -rp, -sh, -sl, -sn, -st, -th 18.246
  WLE Greece 15 May 2016 – 15 June 2016 (UTC+3) контакт wle.wikimedia.gr список на заштитени области wle-gr 3.313
  WLE India 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC+5:30) контакт,
wikilovesearth2016 gmail.com
wikilovesearth.co.in List of protected areas wle-in 30.982
  WLE Iraq 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+3) контакт, wle-iq 777
  WLE Kosovo 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.al список на заштитени области wle-xk 356
  WLE Moldova 15 May 2016 – 15 June 2016 (UTC+3) контакт Список на сите заштитени области
(also in Ukrainian language)
wle-md 602
  WLE Morocco 1 May 2016 – 7 June 2016 (UTC+1) контакт список на заштитени области wle-ma 3.030
  WLE Nepal 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+5:45) Список на сите заштитени области wle-np 2.214
  WLE Pakistan 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+5) pakistan@wikilovesearth.org Список на сите заштитени области wle-pk 7.049
  WLE Russia 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+3) wlx-russia@googlegroups.com Вики любит Землю 2016 список на заштитени области wle-ru 5.829
  WLE Serbia 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+2) wle@vikimedija.org Вики Воли Земљу 2016 список на заштитени области wle-rs 1.609
  WLE Spain 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+2) контакт wikilovesearth.es or wikilov.es/earth список на заштитени области wle-es 3.815
  WLE Switzerland 1 May 2016 – 7 June 2016 (UTC+2) контакт
info wikimedia.ch
список на заштитени области wle-ch 926
  WLE Thailand 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC+7) контакт Wiki Loves Earth 2016 in Thailand List of national parks in Thailand wle-th 409
  WLE Tunisia 1 May 2016 – 7 June 2016 (UTC+1) контакт список на заштитени области wle-tn 671
  WLE Ukraine 1 May 2016 – 31 May 2016 (UTC+3) контакт,
wle@wikimedia.in.ua
wikilovesearth.org.ua список на заштитени области (Списки) wle-ua 11.479
  WLE Venezuela 1 June 2016 – 30 June 2016 (UTC-4) контакт,
info@wikimedia.org.ve
список на заштитени области wle-ve 828

Времеслед

  • 1 – 31 мај и 1 – 30 јуни: национални натпревари
  • 31 јули: краен рок за поднесување на месните победници (погл. страницата со победници)
  • 15 септември: краен рок за прогласување на меѓународните победници

Правила

Помош и ЧПП

Организирајте месен натпревар

Доколку одлучите да ја одржите „Вики ја сака Земјата“ во вашата земја, ќе треба да ги проследите следниве чекори:

  1. Да имате или направите список на заштитените природни подрачја (на Википедија или тука на Ризницата). — Различни земји имаат различни системи на нивна класификација со степени на заштитеност (од големи национални паркови до поединечни заштитени дрва на забаталени места). Дефинициите обично стојат во официјални документи. Ако вашата земја нема таков список, можете да направите список на места кои заслужуваат да се наречат природно богатство.
  2. Да имате или напишете јасни препораки за сликите. — Одредете на кои аспекти треба да се задржуваат фотографите.
  3. Да имате активна организациска екипа и да наведете одговорно лице за контакт, на пр. список на корисници што помагаат.
  4. Организирајте добра жири-комисија за вашата земја. Размислете за наградите што ќе ги доделувате доста предвреме.
  5. Направете матична страница за натпреварот во вашата земја тука на Ризницата (Commons:Wiki Loves Earth 2016 in …) и средете ги категориите, предлошките и тн. (Подоцна може да побарате техничка помош од корисниците на пр. за приалгодувања на разгласите.)
Повеќе за организирањето ќе најдете на Commons:Wiki Loves Earth 2016/Organise

Каде да поставам прашање?

Главното место за поставување прашања и давање предлози е страницата за разговор на WLE 2016 (на англиски). Ако имате прашања што се однесуваат на поединечна земја, погледајте ги страниците означени за контакт во одделот „земји-учеснички“ погоре (на разни јазици).

Други места каде ќе добиете помош:

Статистика