Commons:Вики ја сака земјата 2021

This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Earth 2021 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Earth 2021 and have to be approved by a translation administrator.
Wiki Loves Earth

Shortcut: COM:WLE2021

Вики ја сака Земјата 2021

 

Земји-учеснички

 

Правила и ЧПП

 

Organise

 

Победници

 

Контакт

Земји-учеснички во 2021 г.
Добре дојдовте на „Вики ја сака Земјата 2021“!

Вики ја сака Земјата (WLE) е меѓународен фотографски натпревар кој се одржува секоја година во текот на мај и јуни. Се приредува во голем број земји, од страна на Викимедиините ограноци, групи и доброволци во голем број земји. Учесниците прават слики од природното наследство околу нив и ги подигаат на Ризницата. Секоја одделна земја има свој натпревар со свои правила и награди, кои може да се разликуваат една од друга.

Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти.

Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.

Годинава меѓународните победнички фотографии ќе претставуваат две категории — глетки (вкл. поединечни дрва, ако е споменик на природата) и слики одблиску (живорни, растенија, габи):

  • меѓународното жири ќе избере до 20 слики, не повеќе од 10 во секоја категорија.
  • на месно ниво, има до 15 победници со не повеќе од 10 од секоја категорија. Месните приредувачи може да решат да не ги делат победниците во категории и/или може да поднесат помалку слики (на пр. 10).
Привремен времеслед
  • 1 мај – 30 јуни и датумите блиску до овие рамки соодветни за земји: државни натпревари. Погледајте ги поединечните рамки за секоја земја.
  • Крај на август: рок за поднесоци, т.е. за Страницата за победници
  • Октомври-ноември: рок за меѓународниот исход
Правила
  • Правилата за меѓународниот дел од натпреварот се објавени овде. Месните натпревари имаат свои правила, предлагања, рокови итн.
Награди
  • На меѓународниот натпревар, првонаградениот добива целосна стипендија за „Викиманија“ или купон за Амазон во истата вредност; другите добиваат вакви купони, чија вредност зависи од освоеното место. Покрај тоа, одделните земји често доделуваат свои награди.
Подигнати слики
Како да учествувате
Официјален портал
Во печатот

Напомена:Натпреварот претежно го приредуваат доброволци, додека пак приредувачите го задржуваат правото да ги менуваат правилата или да го откажат натпреварот по свое наоѓање, дури и кога истиот е во тек. Приредувачите не прифаќаат никаква одговорност за она што го ветиле покровителите во облик на награди, ниту пак никаква друга правна одговорност што се однесува на натпреварот. Ниту правилата, ниту било што друго на страницава претставуваат понуда за правно обврзувачки однос со било кој од приредувачите. На членовите на жири-комисијата не им следуваат награди; иако слободно можат да подигаат слики, таквите слики нема да се важат како учеснички во натпреварот.