Open main menu


Nuvola apps aktion.png
Nuvola apps juk.png
Страници за помош при отворањето на медиските податотеки на Ризницата

Пуштање на аудио и видео податотеки на Macintosh сметачи

Потребно

За да пуштате аудио податотеки во Ogg Vorbis формат и видео податотеки во Ogg Theora формат на Mac сметач, треба само да преземете и воспоставете еден од следниве програми.

  • VLC media player

Одете на оваа страница и изберете една од врските наведени под OS X верзија (13 МБ; 7,3 МБ). Откако ќе ја преземете диск-сликата, отворете ја, и ќе ви се појави како виртуелен диск на работната површина. Од дискот ископирајте го VLC.app во вашата папка „Applications“. Сега можете да ги пуштате аудио и видео податотеките од Ризницата.

  • Mozilla Firefox

Mozilla Firefox 3.5 има вградена поддршка за Ogg Vorbis и Ogg Theora. За да го преземете, одете тука и кликнете на копчето „Слободно преземање“.

  • QuickTime

Друга можносе е да ги преземете Xiph QuickTime компонентите за директно пуштање на аудио податотеките во Ogg Vorbis формат во Quicktime Player или со вашиот прелистувач. Воспоставете ја компонентата XiphQT во папката /Library/Quicktime, а потоа престартувајте го прелистувачот, и тој ќе може да пушта Ogg Vorbis податотеки.

Дали имате прашања, или пак сте наишле на проблем? Обратете се тука.