Open main menu


Nuvola apps aktion.png
Nuvola apps juk.png
Страници за помош при отворањето на медиските податотеки на Ризницата

Пуштање на аудио и видео податотеки во Windows

Потребно

Најпрвин ви треба програм за пуштање. По основно можете да го користите Windows Media Player, но ќе ви требаат дополнителни кодеци (видете подолу). Друго решение е да го користите слобдниот VLC media player. На него веднаш ќе можете да пуштите Ogg податотеки.

Преземање на потребните кодеци

Сега треба да ја преземете неопходната надградба (кодек), за програмот да може да пушта податотеки од типот Ogg Vorbis (аудио) и и Ogg Theora (видео).

  1. Одете на страницата xiph.org/dshow и кликнете на Download win32 installer.
  2. Откога ќе го преземете на сметачот, отворете ја податотеката и проследете го водичот за воспоставка.

Mozilla Firefox или Google Chrome

Друга можност е да користите Mozilla Firefox. Firefox 3.5 самиот има поддршка за Ogg Vorbis и Ogg Theora. За да го преземете, одете тука и кликнете на копчето „Слободно преземање“.

Исто така друг прелистувач кој нуди вградена поддршка за Ogg Vorbis и Ogg Theora е Google Chrome 3. Можете да го преземете тука.

Дали имате други прашања, или пак наидовте на проблеми?

Поставете прашање на на оваа Разговорна страница.