Commons:European Science Photo Competition 2015 in Macedonia

Замисла edit

 
Лого на натпреварот

Европската култура не може да се замисли без европската наука. Не е доволно само зборува за неа, туку треба и да се покаже. Затоа, треба да ја доловиме и да ја споделиме. Ова е причината поради која одржуваме научен фотоконкурс. Првиот ваков натпревар ќе се одржи во ноември 2015 г.

Приклучете ни се, и помогнете ни да ги покажеме најновите наоди од науката!

Овој натпревар се одржува во рамките на Викимедиините проекти бидејќи Википедија е активна средина, посветена на собирање и споделување на образовни содржини за сечија слободна употреба. Со тоа, таа претставува одлична подлога за претставување на научната фотографија. Отворениот пристап, интересот на заедницата и корисниците, како и начелната доверливост се само некои од одликите на оваа слободна енциклопедија кои ја прават погодна за популаризација на науката и научната фотографија. Википедија извонредно добро го овозможува приопштувањето на знаењето, а сликите таму се ценат заради нивниот висок информативен квалитет. Од таа соработка имаат позла како викизаедницата, така и научните фотографи. Натпреваров нека биде една рамка за поттикнување на трајна соработка меѓу нив.

Во периодот од 2011 до 2013 г. оваа замисла беше успешно испробана со Естонскиот натпревар за научна фотографија (Teadusfoto), а сега е вистинското време да го прошириме проектот и неговото влијание. За таа цел, одлучено е во 2015 г. да се одржи ваков натпревар на европско ниво со цел Википедија да добие повеќе наука. Меѓународниот карактер на натпреварот значи досег до пошироката научна заедница на континентот, укажувајќи им на можноста да ги споделат нивните наоди и нивната страст со многу поширока јавност по пат на нагледни средства за приопштување во слободната околина на Викимедиините проекти.

Македонскиот дел на натпреварот edit

Натпреварот се одвива на два степена: едниот е на ниво на Македонија (и секоја друга земја-учесничка), а вториот е меѓународен. Победничките дела од Македонија потоа ќе одат меѓународниот натпревар до крајот на јануари 2016 г. Во Македонија, натпреварот е предвиден да се одвива во текот на ноември 2015 г.

Правила edit

Ваквите слики се наполно соодветни за Европскиот натпревар за научна фотографија. Ќе се натпреваруваат во категоријата „нефотографски содржини“.

  • Европскиот натпревар за научна фотографија 2015 се одржува во ноември. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој месец. Исклучок од ова би било доколку месниот натпревар се одвива во друга временска рамка.
  • Една научна фотографија подразбира добар конкретен опис. Секоја слика треба да има опис барем на англиски. Треба да стои што е претставено на сликата, кога и како е направена и што е важното што треба да се запази на неа. Пример.
  • Право на учество има секој, освен членовите на жирито. Бројот на слики по учесник е неограничен.
  • Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со слики што вие сте ги направиле или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
  • Сликите мора да се подигнат под слободна лиценца, и тоа една од следниве: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0 и CC0 1.0.
  • Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со добар квалитет и големина. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж (пример).

Натпреварот не е ограничен само на класични фотографии. Прифаќаме прикази направени со сметачка графика и свесни сме дека не можеме да повлечеме јасна граница помеѓу категориите.

Ќе можете да учествувате и со повеќе слики како предметна целина и ќе се важат како еден поднесок за било која награда, вклучувајќи ја Големата награда. Една целина може да има најмалку 2, а највеќе 10 врзани слики.

Претпочитани формати се .jpg за слики, .ogg за видеоснимки и .png за сметачка графика.

Накусо: како учесник, ќе треба да знаете само кои слики сакате да ги поднесете и што е прикажано на нив. Едноставно појдете на вашата месна страница за подигање и проследете ги напатствијата.

Напомена: Сите слики на страницава се поднесени на Ризницата во рамките на Естонскиот натпервар за научна фотографија.