Open main menu

Commons:Први чекори/Подигање податотеки

This page is a translated version of a page Commons:First steps/Uploading files and the translation is 98% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:First steps/Uploading files and have to be approved by a translation administrator.

Outdated translations are marked like this.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Cymraeg • ‎Deutsch • ‎English • ‎Lëtzebuergesch • ‎Scots • ‎Sunda • ‎Tiếng Việt • ‎català • ‎dansk • ‎español • ‎français • ‎galego • ‎hrvatski • ‎italiano • ‎latviešu • ‎magyar • ‎polski • ‎português • ‎português do Brasil • ‎shqip • ‎svenska • ‎čeština • ‎Ελληνικά • ‎македонски • ‎русский • ‎тыва дыл • ‎українська • ‎հայերեն • ‎עברית • ‎العربية • ‎جهلسری بلوچی • ‎नेपाली • ‎मैथिली • ‎বাংলা • ‎ગુજરાતી • ‎မြန်မာဘာသာ • ‎中文 • ‎日本語
Први чекори
Совети и трикови
Трети лица
Need help with uploading files? Ask my question


Кога сакате да поставете некоја слика на Википедија или да ја подарите во нашата збирка, ќе треба да ја подигнете на нашава страница и да наведете извесни податоци за неа. Тоа се прави вака:

Помош пред да почнете

  • Сликата што сакате да ја подигнете треба да ја имате на вашиот сметач.
  • Потребна ви е сметка на Википедија или Ризницата за да можете да подигате.

Најава Направи сметка


Што сè можам да подигам?

Запознајте се со тоа какви подигања прифаќаме на Ризницата.

Сликите што ги подигате на Ризницата мора да бидат од образовен карактер и да имаат слободна лиценца.

  • Прифаќаме слики што во целост сте ги создале самите. Примери »
  • Прифаќаме слики создадени од други, под услов најзиниот праводржец е спремен да ја лиценцира (или веќе ја има лиценцирано) слободно.
  • Не прифаќаме слики создадени или поттикнати од други без да имате нивна дозвола.
  • Не прифаќаме слики што не се слободно лиценцирани или јасно во јавна сопственост — највеќето слики на семрежјето не се слободно лиценцирани и набргу ќе бидат избришани од Ризницата.
  • Ризницата не е складиште за ваши лични слики — ние не сме вдомувач како Facebook или Pinterest, и сите наши слики мора да имаат потенцијална образовна намена. Дознајте повеќе »


Подигање слика

За да подигате податотеки на Ризницата, послужете се со Помошникот за подигање.

Како да почнете
Појдете на Помошникот за подигање на Ризницата Секогаш можете да дојдете до него преку врската „Подигни“ во страничното мени лево.

Послужете се со илустрацијата на првата страница за да проверите дали податотеката што ја подигате е прифатлива за Ризницата

Кога сте спремни да ја подигнете, стиснете на Следно близу крајот на страницата.
Стиснете на Изберете ги сликите/снимките што сакате да ги споделите и најдете ја сликата што сакате да ја подигнете од вашиот сметач. Ова важи и за повеќе слики наеднаш.


Лиценцирање на податотеката
Стиснете на Продолжи и одберете ги ставките што се однесуваат на вашето подигање, како што ќе ви биде побарано. Кога ќе сте готови, стиснете на Следно. Повеќе информации »


Организирање и опишување на подигнатото
Внесете наслов на сликата. Користет прост и описен јазик. Потоа внесете опис на сликата и датумот кога е создадена.
Помогнете ни со организирањето на Ризницата ставајќи ѝ категории на податотеката. Кога ќе завршите, стиснете на Следно.


Откако ќе го направите ова, подигнатото ќе биде објавено.

Поврзано

Страници на Ризницата

Помош

 
Please visit Commons:Help desk if you need to ask questions about uploading files.
 
Only upload freely licensed or public domain content. Fair use is not allowed on Wikimedia Commons. (help)
Како да добиете помош