Commons:Слика на годината/2014/ПоракаIIкруг

This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2014/Message/R2 and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2014/Message/R2 and have to be approved by a translation administrator.

Започна II круг од конкурсот „Слика на годината 2014“!

 
Слика на годината 2013: Запалена волфрамска жичка на светилка.

Драги викимедијанци,

Ризницата со задоволство ве известува дека започна вториот круг од гласањето на натпреварот „Слика на годината 2014“. Годинава Ризницата го одржува деветтиот натпревар, каде ги чествуваме извонредните придонеси на корисниците што учествуваат на неа. Се повикуваат корисниците на Викимедиините проекти да ги разгледаат минатогодишните (2014) избрани слики на Ризницата и да се определат за една Слика на годината.

Меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година има прогласено стотици слики за избрани и сите тие учествуваат во натпреварот. Тука спаѓаат професионални фотографии од животни и растенија, воодушевувачки панорами, реставрирани стари слики од историско значење, извонредни архитектонски знаменитости, впечатливи портрети и многу друго.

Натпреварот има две кола. Во првото гласавте за онолку слики колку што сакавте. Во финалето одат сеопшто најдобрите 30 и најпопуларната слика во секоја категорија. Во вториот (финален) круг можете да гласате за три слики со цел да ја добиеме Сликата на годината.

II круг завршува на 28 февруари 2015. Тука дознајте повеќе и гласајте »

Ви благодариме,
одборот за „Слика на годината“

Поракава ја добивате бидејќи гласавте на конкурсот за „Слика на годината 2014“.