Ризница:Слика на годината/2017/Исход/IIкруг/порака
Исход од конкурсот „Слика на годината 2017“
Драги викимедијанци,
Конкурсот „Слика на годината 2017“ заврши и со задоволство ви го соопштуваме исходот:
Во двата круга гласавте за омилените податотеки.
- Во I круг се кандидирани 1260 слики.
- Во вториот круг, гласавте за 59 финалисти (севкупно најдобрите 30 и по 2 од секоја категорија од I круг )
Во вториот круг подобните корисници можат да галсаат за до 3 финалисти – секој од нив се брои рамноправно. Во првиот круг гласаа 2.446, а во вториот 3.832 учесници.
Им честитаме на победниците на конкурсот и им благодариме што направија вакви прекрасни слики, споделувајќи ги како слободна содржина:
- 610 лица го дадоа гласот за победничката слика — Perereca-macaco - Phyllomedusa rohdei.jpg.
- 601 лице го даде гласот за второнаградената слика — 01-พระที่นั่งคูหาคฤหาสน์.jpg.
- 486 лица го дадоа гласот за третонаградената слика — CG Heart.gif.
Воедно, искрено им благодариме на сите гласачи за нивното учество. Ве покануваме да го продолжите вашето учество споделувајќи ваши дела на Ризницата.
Ви благодариме,Комисија за „Слика на годината“