Commons:Слика на годината/2017/Правила

This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2017/Rules and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2017/Rules and have to be approved by a translation administrator.

Слика на годината 2017
end

Правила

Гласање

Кругови

  • Натпреварот има два круга:
    • Во I круг учествуваат сите слики прогласени за избрани во текот на 2017 г.
    • II круг ги опфаќа најгласаните 30 () слики од I круг.
  • Најуспешната слика ќе биде прогласена за „Слика на годината“, а другите три ќе ги заземат останатите наградени места.

Датуми

I круг

од 10 јуни 2018, 15:00
до 24 јуни 2018, 23:59:59

II круг

од 8 јули 2018, 15:00
до 22 јули 2018, 23:59:59

Периоди на бета-проби

  • Неклку дена ќе вршиме бета-проби за да провериме дали уредбата за гласање работи правилно.
  • Гласање во пробниот период — неколкуте дена пред официјалниот почеток се важечки за гласање. Ќе се бројат заедно со гласовите дадени во редовното гласање.
  • Ако наидете на грешка во алатката за гласање, тогаш пријавете ја на MediaWiki talk:Gadget-EnhancedPOTY.js. Останатите проблеми пријавувајте ги на Commons talk:Picture of the Year/2017.

Подобност за гласање

  1. Корисникот мора да има сметка на некој Викимедиин проект регистрирана пред Mon, 01 Jan 2018 00:00:00 +0000 [UTC].
  2. Оваа корисничка сметка мора да има направено барем 75 важечки уредувања на било кој еден Викимедиин проект пред Mon, 01 Jan 2018 00:00:00 +0000 [UTC]. Проверете дали сметката ви е подобна со алатката за проверка на подобност.
  3. Корисникот мора да гласа со сметка која ги задоволува горенаведените услови на Ризницата или пак на друг Викимедиин проект (кога е на друг проект, сметката мора да е приврзана за сметката на истиот корисник Ризницата преку SUL).
Белешки
  • Се гласа само од една сметка, без оглед на тоа колку сметки има корисникот.
  • Гласовите дадени од IP-адреси нема да се важат.
  • Гласовите дадени од неподобни корисници/сметки и дуплираните гласови што ги кршат правилата ќе бидат поништени.
  • Поради големиот обем на гласови, не сме во можност да прифатиме гласови кои не ги задоволуваат условите определени од официјалната алатка за проверка на подобност.
  • Може да ви се обратиме на страницата за разговор до една година по гласањето за да ви го соопштиме исходот и да ве поканиме да гласате следната година. Можете да се откажете од ова во секое време.

Правила на гласање

Во I круг — повеќе гласови — се гласа за неограничен број на слики (еден глас по слика).

Во финалниот II круг — три гласа — подобните корисници можат да гласаат за само 3 финалисти. Трите се бројат како еднакви, а за секој кандидат може да се гласа само по еднаш. Напомена: ако некој даде повеќе од три гласа, ќе се сметаат само трите најнови.

Слики

Категории

Галерии по категории
  Членконоги (91)  Птици (56)  Цицачи (31)  Останати животни (10)
  Растенија и габи (56)  Луѓе и нивните активности (41)  Уметнички слики, ткаенини и хартиени ракотворби (24)  Населени места (44)
  Замоци и тврдини (38)  Верски објекти (65)  Згради и градби (74)  Вештачки осветлени отворени простори (48)
  Инфраструктура (40)  Внатрешност и детаљи (41)  Внатрешност на верски објекти (49)  Фрески, таваници и витражи (64)
  Панорамски глетки (54)  Природни глетки (137)  Води (65)  Астрономија, сателити и вселена (15)
  Карти и дијаграми (6)  Возила и пловила (79)  Скулптури (24)  Предмети, школки и разно (98)
  Видеа и анимации (9)
Помош · За икониве…

Подобност на сликите

I круг
  • Сите избрани слики од 1 јануари до 31 декември 2017 г.
Финале
  • Најгласаните 30 слики од I круг од било која категорија (самите гласови пак, не се бројат според категории)
  • Ако категоријата бр. 1 и бр. 2 немаат слики од најгласаните 30, тогаш најуспешните слики од секоја таква категорија ќе влезат во финалето за да се обезбеди разновидност.

Една кандидирана слика не треба да се дисквалификува или замени без внимателна расправа, под услов да не е избришана (на пр. поднесено барање за бришење не е доволно за да ја дисквалификува.)

Награди