Ризница:Вики го сака фолклорот 2022/Правила

This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2022/Rules and the translation is 86% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2022/Rules and have to be approved by a translation administrator.
Outdated translations are marked like this.

Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук {{{Threads}}} Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!

Правила

  1. Правило 1: Авторите кои ги подигаат сликите мора да биат праводршци на истите.
  2. Правило 2: Сликите мора да се подигнат во текот на укажаниот временски период од 1 февруари до 31 март. Самите слики може да се направени било кога, и дури може и да се историски (под услов да сте праводржец на нив), но мора да се подигнат во текот на дадениот период.
  3. Правило 3: Сите поднесоци мора да бидат под слободна лиценца или да се предадат во јавна сопственост. Претпочитана лиценца во помошникот за подигање е Крејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 4.0 Меѓународна (CC BY-SA 4.0).
  4. Правило 4: Сите подобни слики треба да бидат означени. Ова се прави со ставање на ознаката {{Wiki Loves Folklore 2022}}. Означувањето се врши автоматски ако се служите со синото копче со посебна врска за подигање, кое стои на главната страница на натпреварот.
  5. Правило 5: Подобни се сликите што имаат некаква врска со наведените категории.
  6. Правило 6: Учесниците мора да имаат овозможено е-пошта на Ризницата за да можат да бидат контактирани ако добијат награда.

Напомена за видеа

Добредојдени се други податотеки како видео или звучни снимки. За видеа, подигајте податотеки во следниве формати: .ogg .ogv .webm

  • Поради сложеноста на правата на интелектуална сопственост, Ризницата не прифаќа видеосодржини во други формати. Ако сакате да дознате како да претворите некоја снимка во потребниот формат, погледајте ја оваа страница. Се препорачува видеоснимките да се подигаат една по една.
  • Имајте предвид: Сликите што се подигаат на Ризницата мора да бидат во нејзиниот делокруг. Оние кои отстапуваат од него ќе бидат избришани без напомена. Прекршувањето на авторски права и вандализмот се големи престапи, и за нив може да следува блок. Би ве замолиле да ја прочитате страницата ЧПП за повеќе корисни информации за натпреваров.


Неподобност

  • Фотографии веќе присутни на Ризницата (т.е. не се дозволува преподигање).
  • Бидејќи сликите ќе стојат на Ризницата, сите поднесоци мора да бидат во нејзиниот делокруг. Сите што отстапуваат од ова ќе бидат исфрлени од натпреварот, а можеби и избришани без напомена.
  • Слики со жигови, времиња/датуми и приписи на самата слика. Не се прифаќаат слики со било какви ликовни измени кои укажуваат на подигачот.
  • Порнографските слики и видеа не се прифатливи.

Критериуми во оценувањето

Оценувањето ќе го врши меѓународна жири-комисија од Википедијанци од, професионални фотографи и предметни стручњаци согласно законитостите на фотографијата и стандардите на заедницата.

  • Добрата фотографија раскажува.
  • Добрата слика ги изостава сите непотребни нешта кои го оодвлекуваат вниманието од главниот елемент, така што тој останува сосредоточен.
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.
  • Технички квалитет — се земаат предвид параметри на сликата како жариштето (сосредоточеноста), осветлувањето, заситеноста, ISO и тн.

Жирито ќе ги оценува поединечните поднесоци согласно следниве критериуми:

  • Технички квалитет
  • Оригиналност
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.

Извор на овој текст: Commons:Wiki Loves Uniformed services (India)/Rules and regulations