Commons:Први чекори/Сметка

Први чекори
Совети и трикови
Трети лица
Како да создадете и прилагодите сметка на Ризницата

За да подигате податотеки најпрвин треба да имате сметка на Ризницата и мора да бидете најавени. Создавањето на сметка е бесплатно и трае само неколку секунди.

Создавање на сметкаEdit

  Кликнете на врската „Log in / create account" во горниот денесен агол.
  Ова ќе ве одведе до најавната маска. Кликнете на задебелената врска „Create an account“.
  Сега ќе се појави маската за создавање на сметка.
  • Внесете ги искривените букви од сликата во полето. Ова е неопходна заштита од спамирање. Ако не можете да ги видите буквите, проследете ги напатствијата на Special:Captcha/help.
  • Потоа внесете корисничко име и безбедна јавка.
  • Не морате да внесете е-поштенска адреса. Доколку внесете, ова ќе ви овозможи да разменувате пошта со други корисици. Ако ја внесете, подоцна ќе морате да ја потврдите. Запомнете дека нова јавка (во случај да ја заборавите) се добива единствено преку потврдена адреса.
  • Вашата е-поштенска адреса ќе биде видлива само за корисниците на кои ќе решите да им пратите е-пошта.

Местење на нагодувањатаEdit

 

Откако ќе се најавите, можете да го смените изгледот на интерфејсот, како на пример јазикот, во „мои нагодувања“ ("my preferences"). Исто така горе-десно во јазичињата ќе ви се прикаже корисничкото име и некои други можности.
  Ако сакате да го смените корисничките нагодувања, кликнете на јазичето „preferences“. Таму има широк избор на прилагодувања. Можете да започнете просто со избирање на саканиот јазик на интерфејсот од паѓачката листа.
  Не заборавајте да ги зачувате вашите прилагодувања со кликнување на коопчето „Save“ подолу. Ако промените не ви испаднат како што сте замислиле, можете да ги вратите на зададените со кликнување на копчето „Reset“.