Ризница:Авторскоправни правила по територија/Македонија

This page is a translated version of a page Commons:Copyright rules by territory/North Macedonia and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Copyright rules by territory/North Macedonia and have to be approved by a translation administrator.

Страницава дава преглед на авторскоправните правила на Македонија кои се однесуваат на подигањето дела на Ризницата. Треба да се напомене дека, за да можат да се подигнат тука, сите дела направени во Македонија мора да бидат во јавна сопственост, или да бидат достапни под слободна лиценца, како во Македонија, така и во САД. Доколку имате недоумици во врска со статусот на делото, погледајте го релевантниот закон.

Историски вовед

Подрачјето на денешна Република Македонија била под отоманска власт сè до Балканските војни од 1912 и 1913 г., по што е припоено кон Србија. По Првата светска војна (1914–1918) Македонија влегла во Кралството Југославија, кое во 1945 г. станала република, а набргу потоа федерација на социјалистички републики. Македонија се осамостоила на 8 септември 1991 г. со распадот на СФРЈ.

Македонија е потписничка на Бернската конвенција уште од нејзиното осамостојување како една од наследничките на СФРЈ, и нејзиното учество во договорот е формално потврдено на 23 јули 1993 г.[1] Земјата е членка на Светската трговска организација од 4 април 2003 г. и Договорот за авторски права на Светската организација за интелектуална сопственост од 4 февруари 2004 г.[2]

Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), која е орган на ООН, го наведува Законот за авторското право и сродните права (2010) како главен авторскоправен закон на државата Македонија.[2] WIPO го чува текстот на овој закон во нивната база WIPO Lex.[3]

Во октомври 2010 г. направени се граматички измени на законот[4] Помеѓу 2011 и 2015 г. се направени уште неколку измени, но тие се однесуваат претежно на емитувањето и управувањето со колективните права, незасегнувајќи ги одредбите за заштитени авторски дела и траењата на заштитата.[5]

Авторски дела

Авторско дело, во смисла на овој закон, е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма.[2010 Art.12(1)] За авторско дело се смета особено: компјутерска програма, како пишано дело; говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа); музичко дело, со или без текст; драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело; фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската; аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни слики); дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго); дела од архитектурата; дела од применетата уметност и дизајнот и картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата и науката. [2010 Art.12(2)]

Траења

Според Законот за авторското право и сродните права (2010):

  • Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон поинаку не е определено.[2010 Art.55]
  • Кога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење од членот 55 став

(1) на овој закон, се смета од смртта на авторот кој последен починал.[2010 Art.56(1)]

  • Во случај на коавторство на аудиовизуелно дело рокот на траење на заштитата се смета од смртта на последното живо лице главниот режисер, авторот на сценариото, авторот на дијалозите и композиторот на музиката специјално создадена за користење во аудиовизуелно дело, независно дали со овој закон тоа лице се смета како автор на аудиовизуелното дело.[2010 Art.56(2)]
  • Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по законското објавување на делото. Доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот во рокот наведен во ставот (1) од овој член го открие својот идентитет се применува рокот од членот 55 став (1) на овој закон.[2010 Art.57]
  • Кога рокот, според овој закон, не тече од смртта на авторот или авторите, а делото не било законски објавено, авторското право трае 70 години по неговото создавање.[2010 Art.58]
  • Роковите на траење на заштитата на авторското право утврдени со овој закон, започнуваат да течат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресметување на роковите.[2010 Art.60]

Незаштитено

Кратенка

Видете исто така: Commons:Unprotected works

Како авторско дело, во смисла на овој закон, не се сметаат:: 1. идеите, теориите, концептите, методологиите на работа или математичките концепти, независно од начинот на објаснувањата или изразувањата; 2. службените текстови од политичка, законодавна, административна и судска природа и нивните службени преводи; 3. дневните и други вести кои имаат карактер на обични - медиумски информации, едноставни факти и податоци и 4. идеите и концепциите што претставуваат основа за кој било елемент на компјутерска програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси).[2010 Art.16]

Ознаки за слики

Видете исто така: Ризница:Авторскоправни ознаки

а) народни умотворби и ракотворби
б) дело на непознат автор и авторот починал пред 1 јануари 1946 г.
в) анонимно дело и објавено пред 1 јануари 1946 г.
г) фотографија или дело на применета уметност објавено пред 1 јануари 1971 г.

Пари

Видете исто така: Ризница:Валута

  Не е во ред Според законот кој се однесува на Народната банка на Македонија, секоја репродукција на банкнотите и монетите во оптек во Македонија треба да има своја дозвола издадена од самата Банка. Советот на Банката одлучува за начините и постапките за објавување на фотографии на пари.[6]

Слобода на панорама

Видете исто така: Ризница:Слобода на панорама

  Во ред за тридимензионални дела {{FoP-North Macedonia}}   Не е во ред за дведимензионални дела (како карти и мурали за кои сè уште важи авторско право)

Согласно Законот за авторското право и сродните права (2010),

  • Користењето авторско дело без плаќање надоместок се однесува на следниве случаи: ... користење архитектонски и вајарски дела трајно сместени на јавни места (улици, плоштади, паркови и слично);[2010 Art.52.1.11]

Поврзано

Наводи

  1. Berne Notification No. 149 ... Declaration by the Republic of Macedonia (the former Yugoslav Republic). WIPO. Retrieved on 2020-03-31.
  2. a b North Macedonia : Copyright and Related Rights (Neighboring Rights). WIPO (2018). Retrieved on 2020-03-31.
  3. Law on Copyright and Related Rights. Republic of Macedonia (2010). Retrieved on 2018-11-13.
  4. Correction of the Law on Copyright and Related Rights. Macedonia (2010). Retrieved on 2018-11-13.
  5. Law on Copyright and Related Rights. WIPO (2018). Retrieved on 2018-11-13.
  6. Banking Law. National Bank of Macedonia. (Dead link)
Caution: The above description may be inaccurate, incomplete and/or out of date, so must be treated with caution. Before you upload a file to Wikimedia Commons you should ensure it may be used freely. Видете исто така: Commons:General disclaimer