Template:File renaming non-reasons/mk
По правило, најдобро е да се остават сите податотеки со важечки имиња на своите места, дури и ако може да постојат малку подобри имиња. На пример:
Бр. | Зошто да се одбие | Пример (старо име) | Пример (ново име) |
---|---|---|---|
1. | Податотеките НЕ ТРЕБА да се преименуваат само затоа што новото име изгледа малку подобро. | File:TowerBridge'09.jpg | File:Tower_Bridge_2009.jpg |
File:Logo_correct.jpg | File:Logo.jpg | ||
2. | Податотеките НЕ ТРЕБА да се преименуваат само затоа што името не е на англиски и/или има погрешено мали и големи букви. Запомнете, Ризницата е повеќејазичен проект, што значи дека нема причина да му се дава предност на англискиот. | File:Rathaus_bremen.jpg | File:Bremen_town_hall.jpg |
3. | Ако податотеката на некој месен проект има исто име како друга на Ризницата, треба да се преименува онаа на месниот проект. Кога нешто се преименува на Ризницата, преименувањето важи за голем број проекти, а не само за еден. | ||
4. | Податотеките со авторскоправни проблеми НЕ ТРЕБА да се преименуваат сè додека не се разреши проблемот. Нема смисла да се преименува нешто кое набргу може да биде избришано заради авторскоправни нарушувања. |
На поединечни проекти може да се расправа за дополнителни правила за именување или исклучоците од горенаведениот список. На пример, преместувањето на PDF- и DjVu-податотеки превметнати во Викиизвор може да биде проблематично за тие викија. Затоа треба да се избегнува освен кога преместувачот на податотеката запознаен со последиците.
Корисникот кој постојано преименува податотеки без важечки причини може да го изгуби правото на преместувач. Предупредување: за извесни случаи на натегање, како на пример повраќање на претходно преименување со важечка причина, може да уследи одземање на преместувачкото право дури и за еден престап.